Репрезентацијата на Македонија ќе игра пријателски меч со Австралија во Скопје на 30 март. Силниот тест-дуел за нашата селекција против актуелниот шампион на Азија го потврдија од Фудбалската федерација на Македонија.
Овој меч доаѓа само 3 дена по квалификацискиот меч против Белорусија за пласман на ЕП 2016 во Франција.
Македонија и Австралија вторпат ќе ги одмерат силите и повторно ќе се игра во Скопје, по дуелот во 1997 година, кога популарните „кенгури“ нѐ победија со 1-0.
Точниот почеток на овој тест-меч на националната арена „Филип Втори“ во Скопје дополнително ќе биде одреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.