| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Босиљчиќ: Ќе го рецитирам и Анте Поповски

Ivan Bosilcic 4 (Custom)

Точно по една година од неговиот прв концерт во Скопје, српскиот актер и музичар Иван Босилчиќ по вторпат ќе ги спои поезијата и музиката, овојпат ден пред Денот на жената.

Никој никогаш не го прифатил она што го правам толку добро колку македонската публика и новинари. Јас ви сум благодарен на секој аплауз и секој убав збор. Отсекогаш сум сакал да настапувам овде, но годинава едвај чекам – изјави Босиљчиќ на денешната прес-конференција.

Ivan Bosilcic 1 (Custom)

Босиљќиќ вели дека на концертот во Универзална сала овојпат ќе проба да рецитира и на македонски јазик.

Не ветувам многу, но навистина се трудев да научам дел од македонската поезија, а вечерта ќе рецитирам дел од стиховите на Анте Поповски – вели тој.

Ivan Bosilcic 5 (Custom)

Концертот на Иван Босиљчиќ ќе се одржи на 7 март во Универзалната сала во Скопје со почеток во 20.30 часот.

Фото: Игор Ангелковски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top