Точно по една година од неговиот прв концерт во Скопје, српскиот актер и музичар Иван Босилчиќ по вторпат ќе ги спои поезијата и музиката, овојпат ден пред Денот на жената.
– Никој никогаш не го прифатил она што го правам толку добро колку македонската публика и новинари. Јас ви сум благодарен на секој аплауз и секој убав збор. Отсекогаш сум сакал да настапувам овде, но годинава едвај чекам – изјави Босиљчиќ на денешната прес-конференција.
Босиљќиќ вели дека на концертот во Универзална сала овојпат ќе проба да рецитира и на македонски јазик.
– Не ветувам многу, но навистина се трудев да научам дел од македонската поезија, а вечерта ќе рецитирам дел од стиховите на Анте Поповски – вели тој.
Концертот на Иван Босиљчиќ ќе се одржи на 7 март во Универзалната сала во Скопје со почеток во 20.30 часот.
Фото: Игор Ангелковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





