| четврток, 6 декември 2018 |

Алкалоид со раст и на приходите и на добивката

алкалоид

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари – Декември 2014 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби во износ од 5.784 милиони денари бележат зголемување за 1 отсто во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 1.084 милиони денари што претставува зголемување од околу 8 отсто. Нето добивката изнесува 629 милиони денари што претставува зголемување од 1 отсто.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 7.398 милиони денари бележат зголемување од 4 отсто во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 1.137 милиони денари што претставува зголемување од околу 8 отсто. Нето добивката изнесува 618 милиони денари што претставува зголемување од 3 отсто.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top