| четврток, 6 декември 2018 |

Индонезија може да се соочи со клон на Исламска држава

Меѓународната кризна група (МКГ) денеска јавно ја предупреди Индонезија дека во оваа 250-милионска земја, во која 90 проценти од жителите се муслимани, постои реална опасност да се појави клон на групата Исламската држава од Ирак и во Сирија.

Според членот на оваа влијателна меѓународна група за политички анализи, Сидни Џонс, чијашто изјава ја пренесува „Џакарта пост“, со враќањето на околу 500 жители на Индонезија, кои сега се борат во редовите на радикалните муслимани во Ирак и во Сирија, во земјата ќе дојдат луѓе со зголемен идеолошки и верски фанатизам, кои се и добро обучени да се борат со оружје.

Индонезија сè уште нема донесено закон за прогласувањето на нејзини државјани, кои се во ИД за соучесници во криминални дела. На тие што се враќаат засега, им се заканува само одземање на пасошите. Полицијата, ако открие потенцијални поддржувачи и агитатори на идеите на Исламската држава ги апси, но не ги обвинува за тероризам.

Според денешните медиуми во Џакарта, бази за регруторање млади луѓе што би заминале на боиштата во Ирак и во Сирија има во Џакарта и во Соло на островот Јава и на уште четири други локации на Сулавеси и Суматра. Агитаторите најчесто успеваат да го привлечат вниманието на помлади луѓе од сиромашни семејства

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top