Срамни сцени по кои и фудбалот црвенееше се случија вчеравечер во Ротердам и во Киев на натпреварите од Лигата на Европа. Навивачите на Феенорд постојано ги навредуваа црномурните играчи на Рома, а главна цел беше Жервињо. Во еден момент на теренот слета огромна пластична банана, што е расистички симбол за навреда на спортистите со црна кожа.
Натпреварот беше во прекин извесно време, а на крајот, сепак, заврши со победа на Рома од 1-2 и пласман на „римската волчица“ во следната фаза.
Инциденти имаше и во Киев на дуелот меѓу Динамо и францускиот Гингамп, а малку фалеше да дојде и до комплетна инвазија на теренот од страна на навивачите на украинскиот тим. Голманот Шовковски беше присебен и успеа да спречи поголем инцидент,а и Феенорд и Динамо како организатори на реванш натпреварите веројатно ќе бидат драстично каазнети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)