| четврток, 6 декември 2018 |

Неделковски: Да ги закопаме битангите (видео)

milenko tv
Граѓанско движење за одбрана на Македонија вечерва ја одржува својата петта трибина во Кавадарци. Миленко Неделковски, кој е еден од говорниците на трибините во дневникот на „Сител“ говореше за тоа која е целта на овие трибини.

– Целта е ние кои на различни начини сме присутни во медиумите да ги размениме ставовите и мислењата со народот, односно тоа што наредот го мисли, да се види дека го мислиме и ние истото. Едноставно да сме на исто место сите заедно, сите заедно да стоиме на тој став, зад тие идеи – истакна Неделковски.

Смета дека сите предавници треба да се закопаат длабоко. Тој додаде дека Зоран Заев е соработник на странски служби, кој материјалите ги користи за политичко уценување. Според него, Сашо Ордановски е човек кој 20 години е косовски лобист, финансиран од косовското поднебје. Бранко Геровски во своите текстови признаваше дека кај Доста Димовска кога беше министерка за внатрешни работи се јавувал и барал да бидат ослободени уѓе кои тргувале со дрога. За него овие се битанги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top