| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се за дождлив викенд

esen_dozd_cador_3Утрово насекаде во земјава времето е облачно  со врнежи,  а на планините снег. Врнежите се со слаб до умерен интензитет. Дува слаб ветер од променлив правец.  Утринските температури се движат од минус 2 до 8 степени, и тоа:

-2 Маврово, 0 Лазарополе и Крушево, 2 Берово и Претор, 4 Кр. Паланка, Битола, Прилеп, Охрид, 5 Тетово и Дебар, 6 Скопје, Кавадарци, Куманово и Виница, 7 Струмица и Штип, до 8 степени во Д. Капија, Гевгелија и Дојран.

Во текот на денот ќе имаме претежно облачно време со врнежи, а на планините од снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат околу 20 литри на квадратен метар воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени.

 Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 11  степена.

Врнежите ќе продолжат и во сабота, особено претпладне, но со послаб интензитет. Потоа времето постепено ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top