Утрово насекаде во земјава времето е облачно со врнежи, а на планините снег. Врнежите се со слаб до умерен интензитет. Дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури се движат од минус 2 до 8 степени, и тоа:
-2 Маврово, 0 Лазарополе и Крушево, 2 Берово и Претор, 4 Кр. Паланка, Битола, Прилеп, Охрид, 5 Тетово и Дебар, 6 Скопје, Кавадарци, Куманово и Виница, 7 Струмица и Штип, до 8 степени во Д. Капија, Гевгелија и Дојран.
Во текот на денот ќе имаме претежно облачно време со врнежи, а на планините од снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат околу 20 литри на квадратен метар воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 11 степена.
Врнежите ќе продолжат и во сабота, особено претпладне, но со послаб интензитет. Потоа времето постепено ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат во благ пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.