Поранешниот шеф на разузнавачката служба на турската полиција Рамазан Акјурек е притворен денеска во Анкара, во рамки на истрагата за убиство на новинарот, етнички Ерменец, Хрант Динк, во 2007 година, јави денеска турската агенција Анадолија.
Динк е убиен пред редакцијата на неговиот весник „Агос“ од страна на тинејџер националист, кој е осуден во 2011 година. Во текот на судскиот процес не се расчистени елементите што, во најмала рака, укажуваат на небрежност на официјалните безбедносни органи, ако не и за повразност со организаторите на убиството.
Во јуни минатата година турскиот суд донесе одлука за отворање истрага за намерата во случајот со убиството на Динк. Акјурек е дел од стотина турски полициски службеници, кои се сменети од позиција, поради сомнеж дека припаѓале на движењето на исламскиот лидер Фетулах Гулен, кој сега живее во САД. Тоа движење е обвинето за организирање на наводите за корупција во турскиот политички врв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Сашо Мијалков останува во притвор
-
Притвор од 30 дена за поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги