| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен турски полициски шеф притворен во истрагата за убиство на новинар

Поранешниот шеф на разузнавачката служба на турската полиција Рамазан Акјурек е притворен денеска во Анкара, во рамки на истрагата за убиство на новинарот, етнички Ерменец, Хрант Динк, во 2007 година, јави денеска турската агенција Анадолија.

Динк е убиен пред редакцијата на неговиот весник „Агос“ од страна на тинејџер националист, кој е осуден во 2011 година. Во текот на судскиот процес не се расчистени елементите што, во најмала рака, укажуваат на небрежност на официјалните безбедносни органи, ако не и за повразност со организаторите на убиството.

Во јуни минатата година турскиот суд донесе одлука за отворање истрага за намерата во случајот со убиството на Динк. Акјурек е дел од стотина турски полициски службеници, кои се сменети од позиција, поради сомнеж дека припаѓале на движењето на исламскиот лидер Фетулах Гулен, кој сега живее во САД. Тоа движење е обвинето за организирање на наводите за корупција во турскиот политички врв.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top