Борна Чориќ е еден од најголемите тениски таленти на планетата, а пробивот кон светскиот врв го потврди со сензационална победа против Енди Мареј во Дубаи. Изненадувањето се преточи во чудо и поради резултатот од 6-1,6-3 и начинот на кој хрватскиот тенисер декласира марка од калибарот на Мареј. Без да му дозволи ниту една шанса за брејк, елегантно, убедливо и чисто како солза.
Мареј беше видливо нервозен по дебаклот, а го доживеа благодарение на сопствените грешки. Шкотот направи дури 55 неизнудени грешки што го чинеше елиминација и тежок пораз од Чориќ. Хрватот има и победа над Рафаел Надал, лани во Базел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.