| четврток, 6 декември 2018 |

Годишно собрание на МАНУ и презентација на мозаикот од академик Газанфер Бајрам

По годишното собрание на МАНУ ќе биде претставен и мозаикот „Четири елементи – Универзум” кој е подарок од академик Газанфер Бајрам за МАНУ… Македонската академија на науките и уметностите на 27-ми февруари 2015 година утре (петок), со почеток во 11.00 часот ќе го одржи своето 48-мо Годишно собрание. По завршување на Собранието на МАНУ ќе биде откриен мозаикот „Четири елементи – Универзум” на академик Газанфер Бајрам.

На Собранието ќе бидат разгледани Извештајот за работата на МАНУ во 2014 година и Програмата за работа во 2015 година.

Експозе на тема „Македонската академија на науките и уметностите во 2014 и 2015 година“ ќе поднесе претседателот на Академијата академик Владо Камбовски.

За годишните сметки на МАНУ за 2014 година излагање ќе поднесе секретарот на МАНУ академик Владо Матевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top