Заменик-премиерот и министер за надворешни и европски работи на Република Словачка, Мирослав Лајчак на денешната неформална средба во Банска Бистрица (Словачка) со македонскиот министер без ресор, Фуркан Чако, вети силна поддршка на евроинтеграциите на Република Македонија, преку конкретни проекти и поддршка.
Како што информираше Петер Стано, портпарол на словачкото МНР и поранешен гласноговорник на Европската комисија, Лајчак остварил неформален состанок со македонскиот министер Чако во централниот словачки град Банска Бистрица, каде што словачката влада одржува седница (Владата на оваа земја ги организира своите редовни седници не само во главниот град туку и во другите словачки градови).
– Тие разговараа за случувањата во Македонија, предизвиците на патот кон ЕУ, но, исто така, и за работите и задачите што Македонија ги има во овој поглед. Тие, исто така, се фокусираа на конкретни форми на поддршка од страна на Словачка за напорите за интеграција на Македонија, преку размена на искуства од трансформација и реформи, но и размена на експерти и стажанти за македонските дипломати во словачкото Министерство за надворешни работи – информира портпаролот Стано.
Според информацијата на гласноговорникот на Лајчак, шефот на дипломатијата на Словачка посебно го пофалил течниот говор на словчаки јазик на министерот Чако, кој го информирал дека на Мате Бел Универзитетот во Банска Бистрица. Па, така, разговорот за време на состанокот на двајцата министри се одвивал на словачки јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.