Името Македонија е грчко и никој нема право да го користи, со исклучок на Грција, повтори грчката неофашистичка партија Златна зора.
Грчките медиуми јавуваат дека пратеникот во Европскиот парламент на Златна зора, Јоргос Епитидиос уште еднаш побарал „Скопје да престане да се нарекува Македонија“.
– Изговорот дека Грција ја спречува интеграцијата на Скопје во меѓународните организации е лицемерен, а тоа што треба да го почитува соседната држава е историјата на нашата земја – рекол Епитидиос.
Инаку во Грција сè уште се актуелни интервенциите на европратениците на Нова демократија Кефалојанис и Спираки на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) кои остро се спротивставиле на отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија.
Сепак, антимакедонските амандмани на коалицијата на европратеници од Грција и Бугарија не поминаа и АФЕТ во вторникот ја усвои Резолуцијата на известувачот Иво Вајгл за Република Македонија, во која по деветти пат, европскиот законодавен дом бара итно отворање на пристапните преговори за членство на земјата во Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мора да бидеме примени со уставното име – рече, па се порече Фрчковски (ВИДЕО)
-
Златна зора отстранета од седница, повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос
-
Пазарењето со идентитетот на МПЦ ќе донесе раскол: Пимен е за МПЦ, а за Тимотеј името ОА е прифатливо
-
Заев: Многу сме блиску до решение, остануваат името и опсегот на употреба