| четврток, 6 декември 2018 |

Џорџ Клуни се разведува?

George-Clooney-Amal-Alamuddin

Според тврдењата на рускиот таблоид „Клео“, некој од сопружниците побарал развод.

Венчавката на холивудскиот актер Џорџ Клуни и на британската адвокатка Амал Аламудин беше една од најистакнатитие минатата година. Романтична прослава во Венеција, преубава венчаница и многу познати гости за кои со недели се пишуваше по медиумите. Но, според шпекулациите, на идиличниот однос на гламурозната двојка му дошол крај.

Amal-Alamuddin-Wedding-Weekend

Психолозите велат дека брак меѓу вечни ергени како што е Клуни и силни жени како Аламудин тешко опстанува. Адвокатката правела отстапки, но, според пишувањето на таблоидот, не успеала да воспостави нормален однос со актерот.

Како што тврдат изворите на таблоидот, двојката, поради непремостливи разлики, донела одлука да се раздели. Во списанието „Ин тач викли“, односот меѓу американскиот актер и британската активистка за човекови права почнал да се нарушува веднаш по медениот месец.

Една од главните причини за несогласување, како што пренесува таблоидот, наводно, е неподготвеноста на Клуни да се пресели во Лондон, како и неподготвеност да се откаже од ергенскиот стил на живот.

Изворот рекол, Клуни го сака Холивуд, а Амал не, и додал дека било само прашање на време кога двајцата ќе тргнат по својот пат.

Портпаролот на оваа двојка не сакал да ги коментира овие тврдења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top