| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите киднапирале 220 христијани во Сирија

џихад2

Џихадисти од групацијата Исламска држава за време на тридневната офанзива киднапирале најмалку 220 лица од христијански села во североисточна Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Во соопштението на таа организација, со седиште во Лондон се наведува дека киднапирањата се извршени кога џихадистите од ИД курдските сили ја презеле контролата на врз десет села, кои се населени со христијанското малцинство во близина на градот Хасака.

Според соопштението на Мрежата за човекови права на Асирците со седиште во Шведска, од североисточната провинција Хасака од понеделникот, кога е извршено првото киднапирање, на група од околу сто лица, од селата побегнале речиси илјада семејства.

Околу 800 од нив побарале засолниште во градот Хасака, а 150 во Камишлија, курдски град на границата со Турција, соопшти Мрежата, додавајќи дека бројот на раселените достигнал околу пет илјади лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top