| четврток, 6 декември 2018 |

Горан Бреговиќ стана витез

578488_bregovic-tanjug_ff

На церемонијата во француската амбасада композиторот Горан Бреговиќ бил одликуван со „Орден на витез за уметност“.

Ореднот му го врачила амбасадорката на Франција, Кристина Моро. На церемонијата присустуваа голем број пријатели на Бреговиќ, деловни партнери и членови на најтесната фамилија, меѓу кои и неговите три ќерки – Ема, Уна и Лула.

– Морам да кажам дека мојата сопруга Џенана е муслиманка, а јас сум христијанин. Нам Франција ни е вистински дом бидејќи тука верските толеранции се на многу високо ниво. Многу сум горд на овој орден, бидејќи е од голема културна средина каква што е Франција. Јас како уметник и музичар припаѓам на една мала култура и земја во однос на Франција. Затоа и е многу значајно ова одликување – изјави Бреговиќ.

На приемот присуствале и хрватската пејачка Северина, потоа Ален Исламовиќ, Рака Мариќ и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top