| четврток, 6 декември 2018 |

Боби Кристина разбудена од вештачка кома

bobi-kristina-izliza-ot-izkustvenata-koma-ostava-na-aparatno-dishane-288129

Лекарите во болницата „Емoри“ во Атланта одлучија да ја извадат од вештачка кома Боби Кристина Браун. Ќерката на Витни Хјустон и Боби Браун е во вештачка кома од 31 јануари. Од тогаш нејзината состојба е критична и не е јасно што ќе се случи со неа, објави „Пипл“.

– Имаше мал знак за надеж и потоа ништо. Секој ден се прашуваме дали ќе дојде денот во кој ќе се слушнат добри вести – вели извор од семејството.

Роднините на 21-годишното девојче се надеваат дека излегувањето од кома ќе ѝ даде некаква шанса да се подобри.

– Обично пациентите ги вадат од вештачка кома од две причини, кога здравствените проблеми исчезнале или само за да видат како телото ќе реагира кога е оставено без одржување – објаснува доктор, експерт во областа, од Џорџија. Според него, неодамна извршената трахеотомија на Боби Кристина е добар знак.

– Очигледно, таа не ги исполнува критериумите за мозочна смрт, штом ја претрпе трахеотомијата. Но можно е таа сепак да има многу тешки повреди, додава тој.

Иако ќе и бидат запрени лековите, Боби Кристина останува да диши приклучена на апаратни и со цевка за хранење.

Додека Боби Кристина се бори за својот живот, продолжува драмата со нејзиниот дечко Ник Гордон. Против него во тек е истрага за насилство и лажни искази, а семејството не го пушта во болницата кај неа. Гордон неодамна изјави дека е очаен и би направил се за да ја види, но роднините на Боби Кристина не се трогнати од тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top