Лекарите во болницата „Емoри“ во Атланта одлучија да ја извадат од вештачка кома Боби Кристина Браун. Ќерката на Витни Хјустон и Боби Браун е во вештачка кома од 31 јануари. Од тогаш нејзината состојба е критична и не е јасно што ќе се случи со неа, објави „Пипл“.
– Имаше мал знак за надеж и потоа ништо. Секој ден се прашуваме дали ќе дојде денот во кој ќе се слушнат добри вести – вели извор од семејството.
Роднините на 21-годишното девојче се надеваат дека излегувањето од кома ќе ѝ даде некаква шанса да се подобри.
– Обично пациентите ги вадат од вештачка кома од две причини, кога здравствените проблеми исчезнале или само за да видат како телото ќе реагира кога е оставено без одржување – објаснува доктор, експерт во областа, од Џорџија. Според него, неодамна извршената трахеотомија на Боби Кристина е добар знак.
– Очигледно, таа не ги исполнува критериумите за мозочна смрт, штом ја претрпе трахеотомијата. Но можно е таа сепак да има многу тешки повреди, додава тој.
Иако ќе и бидат запрени лековите, Боби Кристина останува да диши приклучена на апаратни и со цевка за хранење.
Додека Боби Кристина се бори за својот живот, продолжува драмата со нејзиниот дечко Ник Гордон. Против него во тек е истрага за насилство и лажни искази, а семејството не го пушта во болницата кај неа. Гордон неодамна изјави дека е очаен и би направил се за да ја види, но роднините на Боби Кристина не се трогнати од тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
Серена Вилијамс му пиша на македонскиот тенисер: „Луѓе како тебе ме инспирираат“
-
Тетовец во кома, роднини го претепале за имот
-
Паднал во кома и срушил рекорд: Еден час го реанимирале и еве што видел на „другата стана“