| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја песна на Дино Мерлин има тажна приказна (ВИДЕО)

Dino Merlin 1 (Custom)

Тешко детство, забранета љубов, недостиг на пријатели, заминување на драги луѓе – секоја песна на Дино Мерлин зад себе крие вистинска приказна од животот на познатиот босански пејач Дино Мерлин. Неговата судбина ја напишал и овековечил во своите најголеми хитови кои и ден-денес се актуелни низ Балканот.

Един Дервишхалидовиќ, односно Дино Мерлин, потекнува од многу сиромашно семејство. Неговиот татко бил алкохоличар, а неговата мајка була. Имал проблем во комуникацијата со неговиот татко, кој го напуштил нивното семејство уште кога Мерлин бил дете. Ова животно искуство го инспирирало да ја напише песната „Кад ти доџем несреќо“.

Љубовната приказна меѓу Мерлин и неговата сегашна сопруга Амела била многу компликувана. Неговата сопруга потекнувала од богато семејство, па нејзините родители биле против нивната врска и ѝ бранеле да се омажи за него. Додека Дино учел занает, таа одела во гимназија, па нејзините родители сакале нивната ќерка да се забавува со некој кој е на нејзино ниво. Сепак, љубовта била посилна, па двајцата побегнале кога имале по 20 години и тајно се венчале.

Денес Дино вели дека родители на неговата сопруга го сакаат повеќе отколку што заслужува, а нивната љубовна приказна го инспирирала да ја напише песната „Кад си рекла да ме волиш“.

Освен родителите на Амела и пријателите на Мерлин биле против нивната врска. Тие сметале дека тој губи време со неа и дека таа не е адекватна девојка за него бидејќи има многубројни препреки меѓу нив и дека нема да успеат да ги победат. Нивните совети дека таа не е вистинска жена за него Мерлин ги вткал во песната „Паша мој солидни“.

Откако се венчал со Амела, Мерлин морал да се грижи за своето семејство и да се избори да заработи пари. Во една пригода сопругата го прашала дали донел нешто да јадат, а тој само и мавтав со лист хартија и ѝ рекол дека напишал песна.

– Дали си луд? Хартија не се јаде – му рекла тогаш сопругата на Дино.

На тој лист харитија се наоѓала песната „Конкузна времена“ која се нашла на неговиот прв албум и била пресвртница во неговиот живот.

Песната „Да те није Алија“ Мерлин ја посветил на својот најдобар другар и сосед Алија Миладин, кој бил единствениот човек што бил покрај него кога тој бил никој и ништо, а не на покојниот претседател на Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, како што многумина мислат.

Мерлин како момче, во времето кога бил сиромашен, сакал една девојка која го напуштила и отишла со едно богато момче во Швајцарија. Кога се прославил, таа се вратила во Сараево поради него, а тој за неа го испеал еден од најголемите хитови „Мој је живот Швицарска“.

Во еден период од својот живот Мерлин завршил на лечење во психијатриска болница во Германија кога и ја напишал „Ја потпуно трезан умирем“.

Мерлин бил исклучително слаб на својата мајка, која имала многу турбулентен однос со неговиот татко, кој ги напуштил. Откако починала, Дино ѝ ја посветил песната „Недостајеш“.

Извор: Opera17

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top