Претседателот на Алијансата на либерали и демократи за Европа од Парламентарното собрание Жорди Ксикла директно ги демантира опозицијата и нејзините медиуми. Ксукла вели дека не е точно дека побарал мониторинг за Македонија во Советот на Европа.
-Земајќи ја предвид погрешната интерпретација на мојата последна изјава објавена на 24 февруари за актуелната политичка ситуација, со која Македонија се соочува во последно време, невозможно е да се заклучи дека јас сум побарал враќање на Република Македонија во постапка на мониторинг во Советот на Европа. Само зли/нечесни мисли би може да изнесат таков заклучок од мојата изјава – вели Ксукла.
Тој нагласува дека е уморен од пристрасни и неточни интерпретации на моите зборови.
-Нема да се изјаснувам за ова прашање до следниот состанок на комитетот за мониторинг што ќе се одржи во Париз на 17 март 2015 година – вели Ксукла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.