| четврток, 6 декември 2018 |

Паѓа цената на становите во Скопје, расте побарувачката

stanovi

Индексот на цената на становите во Скопје во последниот квартал од 2014 година бележи пад од 5,3 проценти, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија.

На годишна основа намалувањето е 0,6 отсто. Според НБРМ, тоа е резултат на намалувањето на цената е континуираниот пораст на понудата на станови.

Кумулативната вредност на станбени објекти изградени во периодот 2011-2014 година е за 72 отсто повисока, период кога стартуваше проектот на државата „Купи куќа, купи стан“, во однос на периодот 2007-2010 година.

Пораст има и на страната на побарувачката на станови во четвртиот квартал од 2014 година според податоците на НБРМ, ако се земе предвид порастот на станбените кредити во овој период.

На Саемот за градежништво кој стартува следната недела, градежните компании најавија попусти на дел од понудата на станови кои ќе траат само за време на саемските денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top