Суд во Тексас го осуди на доживитен затвор Американецот Еди Реј Рут (27) под обвинение за убиство на Крис Кајл, поранешен припадник на специјалната единица „Фоки“ на Маринскиот корупс на САД, познат како „американскиот снајперист“, и на неговиот пријател Чад Литлфилд.
Судијата во процесот не ги прифати аргументите на одбраната дека Рут бил со „поматена свест и психопат“ и пресуди двократниот убиец да остане во затворската ќелија до крајот на својот живот без право на жалба или помолување.
Обвинителот во судњето, кое предизвика голем публицитет во САД поради популарноста на Кајл во домашната јавност, тврдеше дека и покрај поствоената стресна состојба во кој се наоѓал убиецот, тој бил сосема свесен и добро знае што направил пукајќи во двете жртви. Обвинителство сепак не побара смртна казна за Рут, која во Тексас се уште се досудува и извршува.
Двојното убиство се случи пред две години на едно стрелиште во близината на Форт Ворт, каде Кајл бил со својот другар Литлфилд кога мајката на убиецот ги повикала да и помогнат за да се справи со својот проблематичен син. Двајцата ветерани го зеле со себе на стрелиштето, а тој таму ги застрела.
Некогашниот ранчер од Тексас, Крис Кајл стана американски херој откако беше објавено дека тој е снајперистот со најголем број убиени во историјата на американската војска. Тој со својата единица маринци, четири пати престојувал во Ирак, каде со снајперот ги штител своите другари од нападите на припадниците на непријателските сили.
По повлекувањето од американската војска, Кајл се посветил на помагање на воените ветерани да се снајдат во животот и да се справат со поствоениот стрес и менталните здравствени проблеми. За него и за неговата воена мисија е издадена книгата „Американскот снајперист“, по која режисерот Клинт Иствуд сними филм што оваа година беше номиниран за Оскар за најдобар филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.