| четврток, 6 декември 2018 |

Меси се скара со белата точка (видео)

Лионел Меси по третпат во Лигата на шампионите не успеа да погоди од пенал и е на две утки од рекордот на Тјери Анри, играч со најмногу промашени казнени удари во историјата на елитното натпреварување. За среќа на Меси промашувањето во самиот финиш на мечот со Манчестер сити не влијаеше на победата на Барселона, иако погодок ќе беше добредојден за посигурна предност на Каталонците во реваншот на „Камп Ноу“.

mesi

Меси е во негативен тренд, несвојствен за таков расен стрелец и има промашено 4 од последните 7 пенали, или 5 од 10, што е низок процент од 50 посто за играч од негов калибар. Сепак за триумф на Барса се погрижи претходно Луис Суарез со два гола, па Барселона ќе го почне реваншот во осминафиналето со предност од 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top