
Бракот на Британката Мишел Моне (43), сопственичка на компанијата за долна облека „Ултимо“, западнал во криза уште ри крајот на 1999 година, кога овој бренд бил покренат.
Почетокот на крајот на нивниот брак дошол откако Мишел ја вработила Саманта Бан како главна дизајнерка. Не долго по нивното раскинување Мајкл бил фотографиран како се бакнува со Саманта.
Мишел морала да реагира кога добила доказ за неверството. Во своите мемоари Моне отворено пишува за својот живот. Претходно од нив е објавен дел во кој пишува за тоа како нејзиниот сопруг ја навредувал поради килограмите и како продолжил да го прави тоа и откако ослабнала 40 килограми.
– Иако живеевме многу луксузно, јас имав голем гардеробер со фустани кои чинеа и по 4.000 фунти, имавме домашно кино, кожен мебел, а мојот сопруг имаше автомобил Порше од 100.000 фунти, но сепак нашиот брак беше во криза. Јас станав опсесивна, во мојот дом не смееше да се види ниту една дамка, се мораше да сјае. Децата имаа правила кои не смееа да се прекршат, а јас дури подоцна сфатив дека тие правила се само мој начин да го прикријам моето длабоко незадоволство. Сакав да ја контролирам секоја ситница, бидејќи изгубив контрола над голем голем од својот живот – напишала Мишел во својата книга.
Проблемите во нејзиниот брак започнале набргу откако во 1999 година го стартувала брендот „Ултимо“.
– Одењето на работа беше слично како минување низ минско поле, на состаноците постојано викавме еден на друг, а кавгите продолжуваа дома. Сексуален живот не постоеше . Но никогаш не размислував за развод. Јас доаѓам од средина во која се останува во брак без оглед на се. Но крајот на мојот брак почна кога ја вработив Саманта Бан (31) како нов главен дизајнер во компанијата. Таа беше девет години помлада од мене, па ја зедов под своја закрила. Имаше проблеми со момчето, па ја слушав и ја тешев. Се однесував кон неа како кон член на семејството – пишува Мишел во книгата.
Иако тие двете биле многу блиски, Саманта на работа поминувала повеќе време во канцеларијата на Мајкл.
– Мајкл тогаш ја затвораше вратата, што порано не го правел, но јас сфатив што се случува. Додека бев на деловни патувања, Саманта доаѓаше да вечера со мојот сопруг и со децата. Една вечер отиде кај неа со чаша вино, а кога се врати ми рече дека само разговарале. Потоа го прашав дали има афера со неа, тој одрекуваше. На сите им велеше дека ми треба помош од психијатар – раскажува оваа жена.
На Божикна забава во компанијата Мишел станала уште повеќе сомничава, бидејќи Саманта не се одвојувала од Мајкл а кога тргнала дома, Мајкл поскал да остане на забавата и си дошол во утринските часови.
– Тогаш слушнав како таа се кикоти од таксито. Никој веќе не можеше да ме убеди дека не сум во право. Веднаш реагирав се соочив со него и имавме жестока кавга. Поминував низ пекол и јас и моите три деца кои тогаш имаа по 12, 15 и 19 години. Иако се договоривме да се разведеме тој не ја признаваше аферата. За да бидам на чисто со тоа морав да имам доказ – пишува во својата книга Мишел.
Изнајмила приватен детектив, кој ги снимил Мајкл и Саманта заедно на патување во Хонг Конг.
– Во голем кафеав плик добив фотографии на кои Саманта и Мајкл се бакнуваат. Иако знаев дека мојот брак е готов веќе неколку години, тоа ме заболе. Дури кога се врати во Шкотска од патувањето од Хонг Конг, му реков на Мајкл дека имам докази за неговото неверство. Тагата прерасна во бес. Влегов во неговото Порше и со нож му ги исеков седиштата, а потоа отидов до нејзината куќа и и растурив сѐ во градината. И се јавив на телефон и кажав дека знам сѐ, а таа ми рече де ка се започнало од пред неколку дена. Во тој момент и дадов отказ – пишува Мишел.
Мајкл пак изјавил дека немал ништо со Саманта се додека не се развел од Мишел, а Саманта ја тужела зошто ја отпуштила без докази.
– Секоја разумна личност која ќе го изневери партнерот ќе се исели од домот а Мајкл инсистираше јас да си одам. Немаше шанси да ги оставам своите деца. Затоа секоја ноќ имавме трка до креветот, кој прв ќе стигне ќе спие во него. Неговите омилени работи ги фрлав во канта за ѓубре, му ставав лаксатив во кафето, му ги бушев гумите на автомобилот – признава Мишел.
На крај таа си заминала од домот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките


