Кошаркарскиот клуб Кожув, во полуфиналето од Купот на Македонија го совлада МЗТ Скопје, а во финалето загуби од Работнички, во соопштение до медиумите поставува неколку прашања, меѓу кои е и грубиот старт на Гечевски врз Штерјов, кој го окарактеризираа како најгруб старт во историјата на македонската кошарка.
Ви го пренесуваме во целост соопштението на КК Кожув:
„Зад нас останува викендот во кој се одиграа завршните натпревари од 23-от Куп на Македонија. Уште еднаш сакаме да им ја честитаме на Работнички победата во финалето и освојувањето на тофејот од 23-от Куп на Македонија. На организаторот на Купот на Македонија 2015, КК МЗТ Аеродорм Скопје му упатуваме искрени честитки и благодарност за прекрасно организираниот турнир, кој е единствен од оние на кои ние учествувавме во изминативе 4 години на кој немаше никакви сериозни прекини. И уште една благодарност до КК МЗТ Аеродром на тоа што ја држи македонската кошарка на европската кошаркарска мапа.
Сепак, една црна дамка ја поматува сликата, а зачудувачки е тоа што ни Македонската кошаркарска федерација, ни новоизбраната трочлена комисија за натпреварување, ни судиската комисија, а најмалку спортските медиуми не го прокоментираа неспортското однесување на „легендата“ Тодор Гечевски на натпреварот со КК Куманово. Можеби некој од премногу инспирираните аеродомски новинарски уредници ќе го забележи случајот со иста доза на сериозност како и настапот на Аца Лукас во салата „Градски парк“ со мелодијата „Лична Карта“.
Зачудувачки е затоа што во едно не така далечно минато, во една исценирана ситуација, сите побрзаа да ги изречат своите казни. Судијата да досуди исклучувачка грешка, Комисијата за натпреварување покрај паричната казна да одреди и казна од три натпревари за неиграње, со посебен нагласок на неиграње на натпреварите во Купот, а некои медиуми се потрудија да го анатемисаат како „тепач“ , без притоа да видат видео снимка или да побараат изјава. И тамам нашиот случај полека паѓа во заборав, на сцена имаме иста филмска шема во режија на истите режисери, само глумците се нови.
Шемата е ваква: судијата Игор Митревски на пола метро од нашата „легенда“ Тодор Гечевски. Во првиот случај се реагираше онака како што се реагираше, во вториот случај, после еден намерен, најгруп фаул во годинашново првенство, сите ќутиме. А можеби не смееме да галамиме бидејќи се работи за најтофејниот и една од најлегендите на нашата кошарка. А замислете во исто време, судиската комисија со видео препораки со наслов „Фер игра за сите“ дава насоки за судиска едукација со цел унапредување на кошарката, што покрај спортскиот дух и фер игра вклучува меѓусебно почитување и коректно однесување на инволвираните страни во натпреварот.
Неофицијално дознаваме дека Гечевски пет пати му се извинил на Штерјов, што е за поздравување. Познавајќи го Штерјов (наш играч беше две сезони) , претерал Тоше. Штерјов извинување прифаќа на втора, таков е по карактер, добар е и може да издржи повеќе од еден нокаут. И во овој наш молк, чекајќи времето да го однесе овој настан во заборав, ни останува да се надеваме дека никој од нашите помлади кошаркарски генерации го нема видено овој инцидент, па и понатаму ќе продолжи да се воодушевува на нашата „легенда“. А ние продолжуваме да си поставуваме прашања:
– Веќе се покажа дека има клубови за кои не важат никакви правила и пропозиции. Дали има и играчи за кои се применуваат посебни правила?
– Каде се Лирија, Торус, па и Вардар, итн, итн? Можеби тие не го напуштија нашето друштво само од спортски причини?
– Има ли некој сила да стави крај на оваа мака и да примети дека белото е бело, а црното е црно во нашата кошарка? Или и понатаму судбината ќе ни биде во рацете на „некојси“ Игор?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)