| четврток, 6 декември 2018 |

Сепак се заедно: Џорџ Клуни и Стејси Киблер на вечера со Мет Дејмон

Џорџ Клуни и Стејси Киблер вечерале заедно со Мет Дејмон во Берлин во саботата.  Триото вечерало во „Грил ројал“, познат ресторан каде што одат познатите, и изгледаше дека Клуни (51) и Киблер (33), сепак, се заедно и покрај гласините за можна разделба, пренесува „Пипл“.

Џорџ Клуни, продуцентот на „Арго“, периодов престојува во Берлин, каде што го снима филмот „The Monuments Men додека Мет Дејмон (42) ќе го презентира филмот „Ветена земја на Берлинскиот интернационален филмски фестивал.

Стејси Киблер му се придружи на Џорџ Клуни во петокот кога пристигна во Берлин со навистина голем багаж, пишува германскиот таблоид „Билд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top