За 30 илјади фирми почнува постапката за бришење со тоа што им се дава можност на оние кои предвидуваат стечајна постапка за тоа да го известат Централниот регистар во рок од една година.
– Тие не се бришат веднаш, туку почнува постапката за бришење со тоа што им се дава можност на сите оние кои предвидуваат стечајна или ликвидациска постапка во текот на една година да го известат Централниот регистар за тоа. Тоа е направено најмногу заради заштита на доверителите, односно доколку има можност тие да ги наплатат своите побарувања. Оние за кои нема да добиеме известување дека ќе почнат ликвидациска постапка по истекот на една година ќе бидат избришани, истакна директорот на Централниот регистар Андреа Поповски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори.
Измените на Законот за трговски друштва што стапија на сила од 1 јануари годинава, предвидуваат два услова за бришење – доколку субјектот нема поднесено годишна сметка и доколку нема запишано емаил адреса до 31 декември 2014.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што вклучуваат законските измени со кои почнаа да се блокираат фирми ?
-
Гостиварец заработи кривична: Отворал врати и кршел катанци, во една вечер обил четири фирми
-
Со 20.000 евра граѓаните не можат да купат ни гарсониера, а Трајче Заев купи фирма по багателна цена
-
МКФ со постапка против Димитриевиќ, му се заканува суспензија од една година?!