Актерката Скарлет Јохансон заедно со басистката на групата „Хаим“, Есте Хаим и пејачките и авторките Холи Миранда, Кендра Морис и Џулија Халтиган, формира нова поп група наречена „The Singles“.
Музиката на бендот е опишана како „супер-поп“ инспириран од женските изведувачи како „Grimes“, „The Bangles“ и „The Go-Go’s“, а нивниот прв сингл е песната „Кенди“, која ја продуцираше Дејв Ситек од бендот „TV On The Radio“.
– Сакав да звучиме како популарните бендови – ултра-поп, но истовремено и помалку иронично и шеговито, истакна Јохансон во соопштението за јавност по повод основањето на групата.
Есте, најстарата од сестрите Хаим, кои го сочинуваат истиимениот бенд, ќе свири на тапани. „Хаим“ е калифорниска поп-рок група која ја сочинуват три сестри – Есте, Даниел и Ален Хаим.
Претходните музички проекти на Скарлет Јохансон вклучуваат два албуми, „Anywhere I Lay My head“ од 2008 година со обработка на песни на Том Вејтс, а една година подоцна е објавена и „Break Up“ со Питер Ворен. Таа, исто така, се појави и во музичкото видео на Боб Дилан „When the Deal Goes Down“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)