| четврток, 6 декември 2018 |

Ветерот е причина за несреќата на Фернандо Алонсо

Шпанскиот возач на Ф1 Фернандо Алонсо и оваа ноќ ја поминал в болница по инцидентот што се случи во понеделникот на патеката во Барселона.
Тој со својот тим Мекларен Хонда го тестираше новиот болид и при еден обид да влезе во свијокот број три, излета и се удри во заштитната ограда со брзина од 150 километри на час.
Мекларен по овој инцидент извршил детално испитување на причините и во текот на вчерашниот ден излезе со контроверзна информација.

– Сакаме веднаш да ги демантираме шпекулациите дека до несреќата на Алонсо дошло поради технички проблеми со болидот. По изврешаната детална анализа на патеката и на возилото, можеше да кажеме дека главната причина за излетувањето на Алонсо и за несреќната што се случи е силниот ветер во свијокот број три од патеката. Радува фактот дека Фернандо помина без посериозно повреди, но и дека болидот, и покрај силниот удар во заштитната ограда, остана целосен – се вели во соопштението на Мекларен Хонда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top