Директна причина за смртта на малата Тамара е бронхопневмонија, односно акутно воспаление на респираторните органи, објави порталот „Здравство24“. Според порталот, извештајот од извршената обдукција на телото на починатата Тамара Димовска од Велес синоќа бил доставен до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по службено барање од Инспекторатот.
Како што изјави професорот Горазд Росоклија од Универзитетот „Колумбија“ во САД, за случајот не е виновна Владата бидејќи дете со 50 отсто пулмонален капацитет и со бронхопневмонија морало да биде однесено од страна на родителите да се лекува, а не да се чува дома.
Докторите објаснуваат дека кога бронхопневмонијата не се третира, може да доведе до смртен исход. Извештајот од обдукцијата покажал дека причината за смртта не е искривувањето на ’рбетот или неизвршената хируршка интервенција. Покрај бронхопневмонијата, обдукцијата утврдила и воспаление на крајниците, бронхитис, обструктивен бронхиолитис, реактивно воспаление на регионалните лимфни жлезди.
Како што пишува порталот, во извештајот од обдукцијата на државниот санитарен и здравствен инспекторат се наведени и неколку детали поврзани со редок синдром кој не бил претходно дијагностициран, и истите ќе бидат предмет на понатамошната истрага во основното јавно обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тамара заведува и во деветиот месец од бременоста
-
Кој прв ќе се породи? Тамара или Игор Џамбазов? (фото)
-
Долго време беше во сенка: Облечена во црвено од глава до пети, првата дама на Србија ја посети Кина!
-
АВМУ со втор извештај: Медиумите неизбалансирани за референдумот, силно наклонети кон кампањата „За“