| четврток, 6 декември 2018 |

Според обдукцијата малата Тамара починала од бронхопневмонија

tamara1-500

Директна причина за смртта на малата Тамара е бронхопневмонија, односно акутно воспаление на респираторните органи, објави порталот „Здравство24“.  Според порталот, извештајот од извршената обдукција на телото на починатата Тамара Димовска од Велес синоќа бил доставен до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по службено барање од Инспекторатот.

Како што изјави професорот Горазд Росоклија од Универзитетот „Колумбија“ во САД, за случајот не е виновна Владата бидејќи дете со 50 отсто пулмонален капацитет и со бронхопневмонија морало да биде однесено од страна на родителите да се лекува, а не да се чува дома.

Докторите објаснуваат дека кога бронхопневмонијата не се третира, може да доведе до смртен исход. Извештајот од обдукцијата покажал дека причината за смртта не е искривувањето на ’рбетот или неизвршената хируршка интервенција. Покрај бронхопневмонијата, обдукцијата утврдила и воспаление на крајниците, бронхитис, обструктивен бронхиолитис, реактивно воспаление на регионалните лимфни жлезди.

Како што пишува порталот, во извештајот од обдукцијата на државниот санитарен и здравствен инспекторат се наведени и неколку детали поврзани со редок синдром кој не бил претходно дијагностициран, и истите ќе бидат предмет на понатамошната истрага во основното јавно обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top