Новиот американски министер за одбрана Ештон Картер најави целосен пораз на Исламската држава во обраќање пред војници и дипломати во американска воена база во Кувајт.
Неколку дена по преземањето на функцијата шеф на Пентагон Картер, собра дваесетина генерали, претставници и луѓе од службите за безбедност во американската база „Камп Арифџан“ во кувајтската пустина.
Во своето обраќање пред американските војници пред средбата Картер нагласи дека предводената од САД коалиција ја одбива многу вешто „Исламската држава“ далеку од Кувајт и други земји. – Без сомнение ќе им нанесеме целосен пораз – увери тој.
Според Картер средбата има за цел да се изврши анализа на кампањата против ИД во сите нејзини дименции. Картер пристигна вчера во Кувајт, по посетата на Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.