Не стивнува згрозувањето кај народот по објавените видеа на интернет каналот Јутјуб на кои се гледа како Љубе Бошковски го финансираат посредници од Атина на кои тој им ветува промена на името и бришење на Македонскиот народ.
И денеска се објавени нови видеа на кои се гледа како Бошковски ја подготвувал целата кампања на која, како што самиот кажува, треба да ја изманипулира јавноста играјќи на патриотска карта, за потоа да го смени уставното име на Република Македонија.
Но, тој не е единствениот политичар кој игра на агендата за менување на името на државата. Не смее да се заборави дека и Зоран Заев, лидерот на СДСМ, кој од петни жили сега се труди да го претстави Бошковски како политички затвореник, смета дека Република Македонија треба „да ја свитка кичмата“ во поглед на обезличувањето на македонскиот идентитет.
Уште на трибината во Стримица , во ноември 2010 година, половина година пред видеата на кои Бошковски е снимен како зема пари за таа цел, порача дека стои зад тоа дека Македонија треба да ги исполни грчките барања.
Всушност, целата македонска актуелна опозиција, предводена од СДСМ смета дека името мора да се смени. Лидерот на НСДП, Тито Петковски, тоа го побара од собраниската говорница, од каде зборејќи за прифатливоста на грчките ставови прашува „малку ли ви е тоа?“
Поентите на лидерите на опозицијата се јасни- промена на името по грчки терк, а начинот на кој ќе се дојде до тоа е јасно- да се дојде на власт по секоја цена за потоа да ги испорачаат барањата на Грција. Онака како што тоа Бошковски го објаснува во моментот кога ги бара парите за кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)