| четврток, 6 декември 2018 |

Сите чудни моменти на Џон Траволта синоќа

87th Academy Awards - Arrivals

Џон Траволта беше еден од ретките актери од „старата гарда“ на Холивуд, кои синоќа присуствуваа на доделувањето на наградите на Американската филмска академија. Иако не беше номиниран во ниедна категорија, ниту, пак, бил во последните 20 години, Траволта редовно присуствува на доделувањето „Оскар“ (нешто како Џек Николсон, кој синоќа недостигаше на 87. доделување).

87th Academy Awards - Arrivals

Уште од самото пристигнување на црвениот килим пред „Долби театарот“ во Лос Анџелес, Траволта стана хит на „Твитер“ и во голем дел од вечерта беше главната тема на коментари и шеги.

Првиот од нив е изгледот како Елтон Џон.

87th Academy Awards - Arrivals

Со очигледно пресно пресадена коса, многу шминка и ѓердан, несекојдневниот изглед на Траволта беше првиот чуден момент вечерта.

Средбата со Скарлет Јохансон, беше вториот.

Траволта влета во кадар додека актерката позираше пред фоторепортерите и се обиде да ја бакне. Скарлет само седеше здрвено и збунето, не знаејќи како да реагира.

87th Academy Awards - Arrivals

87th Academy Awards - Arrivals

 

За време на церемонијата, Нил Патрик Харис упати неколку шеги за минатогодишниот лапсус на Траволта. Актерот требаше да ја најави Идина Мензел за таа да ја испее номинираната песна „Let it go“. Траволта ја најави како Адел Дазим.

87th Academy Awards - Ceremony

Годинава, како „вратка“, Идина го најави него како Глом Газинго. Траволта ја прифати шегата и пријателски ја прегрна Мензел.

И тогаш се случи ова.

„Оскарот“ за Траволта завршија со уште еден фатен поглед, кого твитерџиите го нарекоа – „Ќе те убијам Бенедик“…

B-fzOabCUAA2Nfm

…и нов профил на „Твитер“ што пишува од името на неговата нова коса.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top