Нови видео снимки од Љубе Бошкоски се појавија на интернет каналот „YouTube“. Според она што се гледа на видеата се работи за земање на пари за нелегално финансирање на кампањата за изборите во 2011 година.
Од видеата се гледа дека уште во два наврати, на две различни локации, лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски од посредникот кој зборува македонски со изразит грчки нагласок, повторно зема значителна сума на евра во готовина, пари со кои вели дека ја финансира кампањата, за организирање митинзи, плаќање на автобуси и слично…пред два дена во видеата кои беа објавени Бошкоски земаше пари кои како што кажа му биле наменети за плаќање на реклами.
Бошкоски повторно му потврдува на посредникот од кој ја добива готовината во еврата, дека за возврат на парите кои ги добива е подготвен на промена на името на државата.
Бошкоски му посочува на посредникот дека го манипулира народот, односно дека „ПРАВИ ФИНТИ“ лажејќи ги граѓаните дека тој се залага за уставното име, но како што вели кога ќе паднел Никола Груевски тој со пријателска и братска Грција ќе го променел името односно ќе го решел ова прашање.
Дел 5.
Љубе: Терам кампањава топ. И така.
Посредник: немој после да ме забораваш.
Љубе: Никогаш. Ти се колнам, во три деца ти се колнам.
Посредник: браво
Љубе: еднаш….ние не сме пички…..зборев дека грците ни се пријатели ….сега имав интервју синоќа беше прикажано…
Посредник: што те прашаа дали го менуваш уставното име ха.
Љубе: јас им викам не го менувам уставното име, ама верувам кога ќе падне институционалниот поредок наречен Никола Груевски дека со нашата братска пријателска Грција ќе седнеме ќе разговараме. ПРАВАМ ФИНТА ме разбираш. Тие ни се пријатели. Ја мислам дека нашите пријатели ќе ни помогнат да го решиме ова прашење.
Дел 6
Љубе: СДСМ…само прашање кој ќе биде мандаторот, тоа е прашање
Посредник: Дали ти или они
Љубе: брат сериозно, ама нема потреба јас да се фалам јас гледам на терен луѓе, без автобуси без ништо, а полни плоштади. Едино ќе ми треба, за Тетово ќе ми треба многу пари. Знаеш првиот и задниот митинг и за Охрид ќе ми требаат многу пари
Посредник: Многу тешко ќе поминам на граница. Многу се пазам……за последниот митинг ако може нешто да соберам…. и се ќе ти дадам како што треба.
Љубе: Последниот митинг ми е во петок… Со едно 50 илјади ќе завршиме работа.
Посредникот: за митингот
Љубе: за митингот ни требаат автобуси од цела Македонија. Ми треба 100 автобуси, по 250 евра, 25 илјади евра…..
Дел 7
Љубе: фала ти ме спасуваш
Посредник: Не заборавај
Љубе: Никат, фала ти брат Никогаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)