| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ во Берово: Наџински заслужува уште еден мандат

наџинскиПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Берово ја побара поддршката за кандидатот за градоначалник Драги Наџински и за Советот за да може да се реализираат ветените проeкти во програмата за развој на општина Берово.

– Во овој период имавте можност да видите како работи Драги Наџиски. Тој е искрен, чесен, посветен на работата и на Берово. Тоа му треба на Берово. Покажа како се работи и затоа заслужува да биде награден со уште еден мандат – истакна Груевски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи.

– Луѓето сакаат дела, не сакаат препишани програми, како што тоа го направи противкандидатот на Наџински. Драги Наџински нема противкандидат, тој ќе победи во првиот круг. Тој беше народен човек и во изминативе 4 години остана народен човек. Заедно ќе направиме повеќе дела – додаде Груевски.

Груевски подвлече дека градоначалник без мнозинство во Советот е градоначалник со врзани раце и ги повика беровчани да гласаат за Наџински и за советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата бидејќи без нив нема да може да се реализираат зацртаните проекти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top