| четврток, 6 декември 2018 |

Чадиев: посебно внимание за велешкото водоснабдување

славчо чадиевСлавчо Чадиев, кандидатот за градоначалник на општина Велес од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги презентираше приоритетните проекти во областа на водоводните и канализационите мрежи во градот и околината. Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ во наредниот четиригодишен мандат посебно внимание ќе посвети на водоснабдувањето на градот и руралните средини. Тој потенцира дека обезбедувањето на здрава и чиста вода за пиење, како и замената на старите азбестно-цементни водоводни цевки се едни од најзначајните прашања.

– Приоритет ќе се даде на следните проекти-изградба на водоводна мрежа во селата Сливник и Црквино, водоснабдување на индустриската зона Речани 2, како и на делот од Бродот Панини до сателитската населба на Езеро Младост, изградба на нова водоводна линија во населба Превалец и село Горно Оризари, реконструкција на водоводните мрежи на десеттина велешки улици, изградба на фекална канализација на езерото Младост, а ќе биде завршена и започнатата канализациона мрежа во село Горно Оризари. Јас и моите советници ви даваме ветување дека давајќи ни ја вашата доверба, со голем ентузијазам, знаење и искуство ќе  работиме за успешен напредок на Велес, создавајќи дела со трајни вредности, додаде Чадиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top