| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиевски: СДСМ, Бранко и Менде се изгубени, агресивни, нервозни

gorgi gorgievskiСДСМ, Бранко, Менде и нивните послушници и сателити во Битола се агресивни, изгубени и нервозни – изјави на денешната прес конференција Ѓорѓи Ѓорѓиевски – кандидат за советник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

 Според него откако Менде Диневски видел дека и „овој пат не можат да му помогнат партиите привезоци, малите групи од неколкумина, кои само носат име на партија; дека не му се од помош ниту неколкуте Горановци, со пратеничката Бендевска, му се вратиле на стариот проверен метод на закани, навреди, безобзирност“.
-Откако со денови ги малтретираа граѓаните блокираќји ги улиците, почнаа да се закануваат и со кривични пријави. Почитувани од СДСМ. Немате идеи, а уште помалку дела –  изјави Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека и притисоците и заканите за кои се специјалисти им останаа единственото средство да си обезбедат барем некакво присуство во оваа изборна трка.
-Никако почитуван Менде Диневски, да разберете дека конечно малку внимание треба да им посветите на своите сопартијци. Тие се страшно незадоволни од вашиот четврт обид да бидете губитник во изборна трка, зашто повеќе од јасно е дека на 24 март Битолчани ќе изберат дел. Победник ќе биде ВМРО ДПМНЕ, победник ќе биде Владимир Талески –  истакна Ѓорѓиевски.
Претходно СДСМ најави кривични пријави против директори на детски градинки поради наводно распишување конкурс за вработување во предизборитето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top