| четврток, 6 декември 2018 |

Талат Џафери: Ќе се поклонам пред паднатите борци на ОНА

Јас како министер имам целосна слобода за лично да одлучам каде, кога и како ќе бидам присутен. Тоа право јас секогаш ќе го користам кога ќе биде потребно – додава Џафери за Лајм

talat-besimi01Секако дека ќе се поклонам пред споменикот на паднатите борци – изјавива министерот за одбрана Талат Џафери за Лајм. На прашањето дали ова значи дека ќе се „поклони кај гробиштата на паднатите борци на ОНА, тој одговара:

– Пред паднатите борци секако. Мојот претходник се поклони кај гробиштата на паднатите борци, меѓутоа ги изврши и протоколарните и институционалните обврски кај спомениците на безбедносните сили. Јас како министер имам целосна слобода за лично да одлучам каде, кога и како ќе бидам присутен. Тоа право јас секогаш ќе го користам кога ќе биде потребно – додава Џафери за Лајм.

За прв пат институционално поклонување пред споменикот на жртвите на ОНА во Слупчане се случи летото кога министерот за одбрана Фатмир Бесими, претходникот на Талат Џафери отиде таму со лица во униформа на АРМ, за коишто потоа се тврдеше дека биле од министерството за одбрана а не од АРМ и се најавија санкции против нив, но потоа истите тие беа јавно покажани до Бесими во рамки на други негови редовни активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top