Ракометниот гигант Загреб, предводен од Веселин Вујовиќ, потоа и Висла Плок и француски Данкерк се можните противници на Вардар во осминафиналето на ракометната Лига на шампиони. Трите третопласирани екипи од фазата по групи утре ќе бидат кандидати за противник на македонскиот вицепрвак на ждрепката во Виена.
Вардар ја заврши одисејата на втората позиција во групата Ц зад Веспрем, а е екипа со најмногу бодови од сите четири второпласирани тимови во фазата по групи. Вардар освои 15 бода и е само зад победниците во групите Кјелце со најмногу бода 20, потоа Кил и Веспрем со по 18 и Барселона со 17 бода.
Утре по принципот прв со четвртипласиран, втор со трет и обратно во Виена ќе биде одржана ждрепката за осминафиналето. Меѓусебе не можат да играат екипите од иста група. Најголем успех на „црвен0-црните“ е ланското четврт-финале кога Фленсбург за влакно го елиминира Вардар при израмнет вкупен скор, благодарение на правилото за повеќе постигнати голови на гости. Потоа германскиот тим ја освои и европската круна на завршниот турнир во Келн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.