| четврток, 6 декември 2018 |

Омилени актери на публиката, но никогаш не добиле „Оскар“

20140303-ova-se-dobitnicite-na-oskarite-2014-m

Ноќеска по 87. пат во историјата на Академијата, беа врачени наградите „Оскар“. Оваа награда е најпрестижната награда што еден актер може да ја добие.

Погледнете 20 омилени актери што имаат суперуспешни кариера, но никогаш не ја добиле статуетката. Не станува збор само за познати личности, туку тоа се ѕвезди што добиваат милиони долари за филм. Некои од нив дури и никогаш не биле номинирани:

Том Круз

o1(29)

Ѕвездата има две номинации за најдобар актер, во 1989 за „Роден на 4 јули“ и во 1996 година за „Џери Мекгваер“. Има и една номинација за споредна улога за „Магнолија“ во 1999 година, но никогаш не ја доби наградата.

Леонардо ди Каприо

o2(33)

И додека за некои од ѕвездите на оваа листа е јасно, дека најверојатно никогаш нема да ја добијат статуетката на Академијата, Леонардо ди Каприо е многу блиску до наградата и според многумина ќе ја добие оваа престижна награда порано или подоцна. Еве ја и статистиката:

Леонардо има пет  номинации за„Авијатичарот“ (2005), „Крвав дијамант“ (2007), „Волкот од Волстрит“ (2014). Има номинација за споредна улога за „Зошто тагува Гилберт Грејп“ (1994) и како продуцент на „Волкот од Волстрит“.

Џон Траволта

o3(31)

Тој имаше номинации за „Треска во сабота навечер“ (1977) и за „Евтини приказни“ (1994).

Мишел Фајфер

o4(29)

Таа беше номинирана за споредна улога во „Опасни врски“ (1998) и за најдобра актерка за „Фантастичните браќа Бејкер“ (1989) и „Поле на љубовта“ (1992).

Џони Деп

o5(28)

Тој има три номинации за најдобар актер, за „Пиратите од Карибите“ (2003), „Барајќи ја Недојдија“ (2004) и „Свини Тод“ (2007).

Џејмс Дин

mkd-104976

Можеби краткиот живот на Дин е причината да не добие „Оскар“. Тој има две постхумни номинации, во 1955 и во 1956 година, но не победи.

Сигурни Вивер

o7(24)

Таа има номинација за „Осми патник“ (1986). Две години подоцна добива номинација за споредна улога во „Горила во маглата“ (1988), како и за „Вработени девојки“ (1988).

Харисон Форд

o8(24)

Има само една номинација – за „Сведок“ (1985).

Роберт Дауни Џуниор

o9(21)

Тој има номинации – за „Чаплин“ (1993) и за „Тропска бура“ (2009).

Вил Смит

o10(19)

Вил Смит има номинации – за „Али“ (2001) и „Потрага по среќа“(2006).

Џон Малкович

o11(9)

Тој има две номинации за споредна улога.

Семјуел Џексон

o12(8)

Џексон има само една номинација – за „Евтини приказни“ (1994).

Хју Џекмен

o13(6)

Тој беше номиниран за најдобар актер за „Клетници“ во 2012 година.

Следуваат неколку актери што ѝ се омилени на публиката и се меѓу високо платените во светот, но никогаш не биле дури ни номинирани за „Оскар“:

Ричард Гир

o14(5)

Џим Кери

o15(4)

Хју Грант

o16(4)

Мег Рајан

o17(3)

Мерилин Монро

o18(3)

Можеби не е најдобра актерка во светот, но е легенда на киноиндустријата.

Изабела Роселини

o19(3)

Кијану Ривс

keany

Главниот лик во „Матрикс“, „Брзина“ и „Адвокатот на ѓаволот“ и други, има лично богатство од 350 милиони  долари и дефинитивно е меѓу најуспешните актери во Холивуд, но не ја импресионирал Академијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top