Џенифер Лопез синоќа ги собра погледите на милионската публика на доделувањето на наградите „Оскар“ со длабокото деколте во креацијата на Ели Саб.
Сепак, колку и добро да изгледаше, прошетката на црвениот килим за Лопез остана запаметена по сличноста на нејзиниот фустан и на фустанот на сопругата на Роберт Дувал, актерката Лусијана Педраза, која носеше сосема слична креација потпишана од Џед Гендор.
Во интернет-расправијата по социјалните мрежи, „победата“ за подобар изглед ѝ припадна на Лопез, се разбира поради многу пополнетиот горен дел на фустанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.