| четврток, 6 декември 2018 |

Непријатно – актерките со сличен фустан на црвениот килим (ФОТО)

Џенифер Лопез синоќа ги собра погледите на милионската публика на доделувањето на наградите „Оскар“ со длабокото деколте во креацијата на Ели Саб.

Сепак, колку и добро да изгледаше, прошетката на црвениот килим за Лопез остана запаметена по сличноста на нејзиниот фустан и на фустанот на сопругата на Роберт Дувал, актерката Лусијана Педраза, која носеше сосема слична креација потпишана од Џед Гендор.

Во интернет-расправијата по социјалните мрежи, „победата“ за подобар изглед ѝ припадна на Лопез, се разбира поради многу пополнетиот горен дел на фустанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top