Игор Карачиќ одигра брилијантна ролја, впрочем како и целиот тим на Вардар, на гостувањето во Манхајм и ја заслужи честа да биде во идеалниот тим на последното коло по групи во ракометната Лига на шампионите и на листата со пет најубави голови.
Хрватскиот репрезентативец во црвено-црниот дрес на Вардар постигна 8 погодоци, кој од кој поатрактивен, а еден од нив во мрежата на Ландин се најде на топ 5 листата. Најубавиот гол е дело на Диего Симонет од Монпелје.
Вардар го декласира Рајн-Некар Левен со 35-28, а друштво на Игор Карачиќ во најдобрата седморка на колото му прават голманот Гуруц Агинагалде (Ла Риоха), па левото крило Иван Нинчевиќ (Висла), левиот бек Вилијам Акамбре (ПСЖ), десниот бек Патрик Лике Ајлерт (Ла Риоха), десното крило Гашпер Маргуч (Веспрем) и пивотот Роберт Гунарсон (ПСЖ).
Најатрактивните голови во десеттото коло може да ги погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)