Затвореник од албанска националност ја шокираше австриската јавност со фотографии од својата ќелија на кои се гледа како се расфрла со мобилни телефони, дрога, виски и со големи суми пари.
Албанецот Иљер А. се наоѓа во вториот по големина затвор во Австрија, каде што служи затворска казна заради трговија со наркотици.
Тој, очигледно, со уживање сака на целиот свет, особено на затворските чувари, да им покаже како ужива зад решетки, со иронија ги коментира овие фотографии австрискиот дневен весник „Хојте“. На објавената фотографија се гледа и масата на Иљер на која се наоѓаат пакетчиња со дрога, пиштол, мобилни телефони, виски и пари. Тука има и „црти“ од кокаин подготвени за консумација.
Веднаш откако овие фотографии се објавени во јавност, затворските стражари до детаљ ја претресле неговата ќелија, но ништо не пронашле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.