| четврток, 6 декември 2018 |

Белгиските власти подготвуваат список со потенцијални терористи

Two dead, one injured in Belgian anti-terrorism operation

Белгиските специјални служби подготвуваат список со над 380 имиња на потенцијални терористи, изјави министерот за внатрешни работи, Јан Јамбон. Составувањето на списокот е една од мерките преземени по антитерористичката операција во Вервие во средината на јануари.

Податоците се собрани од разузнавачките централи во Белгија и партнерски држави. Тие ќе бидат постојано дополнувани и изменувани.

Министерот предлага тие информации да бидат достапни за партнерските служби, меѓу кои и САД.

Достап до нив ќе има полицијата на федерално ниво и локално ниво. Списокот, според министерот, е како оние во САД направени врз сопствени разузнавачки информации и по податоци од 16 партнерски држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top