Инвеститорот на овој хотел, бизнисменот Ајдован Адемоски, во моментов не може да го открие името на брендот затоа што преговорите за франшизата сѐ уште не се завршени, но вели дека се работи за водечката хотелска групација во светот, која во своето портфолио има десетина хотелски синџири.
Компаниите на Адемоски, „Сити плаза“ и „Стоун бриџ“ се инвеститори на хотелот, а градбата ја врши „ПЕРА констракшн“, македонско-турска фирма, во која Адемоски е еден од партнерите. Хотелот ќе биде со капацитет од 170 соби, ќе има 6 конференциски сали и бањски центар од еден од најпознатите синџири во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.