Исламска држава денеска објави нова видеоснимка во која тврди дека погубила најмалку 21 заробен војник. Тие биле возени во кафези по ирачките улици.
На снимката се гледат 21 затвореник облечени во портокалова облека, кои се претставени како 16 борци на вооружените сили на ирачки Курдистан – т.н. пешмерги, двајца ирачки војници и тројца полицајци од Киркук, град што се наоѓа 240 километри северно од Багдад, вели Франс прес.
Прво е прикажано како џихадистите ги водат заложниците, кои се со спуштени глави, кон кафезите на еден плоштад опкружен со бетонски ѕидови и маскирани борци на ИСИС со оружје во рацете, а еден брадест маж со бел турбан ги предупредува пешмерга-борците да не ѝ се спротивставуваат на оваа терористичка организација и дури и ги интервјуира заробениците во кафезите.
Потоа се гледа како затворениците, сместени во кафези прикачени за камионети, се возат по улиците, додека десетици жители и вооружени мажи го набљудуваат сето тоа.
На снимката не се прецизирани датумот и локацијата, но курдски извори за француската агенција рекле дека е направена пред една недела на пазар во Хавиџа, град под контрола на ИСИС, на околу 50 километри од Киркук.
Видеоснимката не содржи никакви експлицитни закани кон затвор.
ИСИС во Ирак обезглавила најмалку 21 Курд, кои биле шетани во кафези низ градот (ФОТО+ВИДЕО)
Милитантната организација Исламска држава денеска објави нова видеоснимка во која тврди дека погубила најмалку 21 заробен војник, кои биле возени во кафези по ирачките улици.
Снимката покажува 21 затвореник, сите во портокалова облека, кои се претставени како 16 борци на вооружените сили на ирачки Курдистан – т.н. пешмерги, двајца ирачки војници и тројца полицајци од Киркук, град што се наоѓа 240 километри северно од Багдад, вели Франс прес.
Прво е прикажано како џихадистите ги водат заложниците, кои се со спуштени глави, кон кафезите на еден плоштад опкружен со бетонски ѕидови и маскирани борци на ИСИС со оружје во рацете, а еден брадест маж со бел турбан ги предупредува пешмерга-борците да не ѝ се спротивставуваат на оваа терористичка организација и дури и ги интервјуира заробениците во кафезите.
Потоа се гледа како затворениците, сместени во кафези прикачени за камионети, се возат по улиците, додека десетици жители и вооружени мажи го набљудуваат сето тоа.
На снимката не се прецизирани датумот и локацијата, но курдски извори за француската агенција рекле дека е направена пред една недела на пазар во Хавиџа, град под контрола на ИСИС, на околу 50 километри од Киркук.
Видеоснимката не содржи никакви експлицитни закани кон затворениците, но тие на крајот се покажани како клечат пред маскирани мажи што имаат автоматско оружје.
На снимката се прикажани и сцени од претходно објавени снимки на ИСИС, меѓу кои и погубувањето на јорданскиот пилот Ал-Касасбех, кој беше изгорен во кафез, како и убиството на 21 египетски христијанин во Либија.
Командантот на пешмергите во Киркук, генералот Хијова Раш, рекол дека припадниците на курдските сили биле заробени на 31 јануари, кога курдските борци го одбиле терористичкиот напад на ИСИС врз Киркук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)